Другите не, но ВМРО-ДПМНЕ може да употребува пиротехника

Сцените со пиротехника на вчерашната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Велес, кога со факели се славеше говорот на премиерот Христијан Мицкоски предизвика бројни реакции во јавноста.

Сцените со пиротехника на вчерашната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Велес, кога со факели се славеше говорот на премиерот Христијан Мицкоски предизвика бројни реакции во јавноста. Неодамна токму на предлог на ВМРО-ДПМНЕ по трагедијата во Кочани беше донесен нов построг закон за употреба на пиротехника со кој се забранува секаква употреба на пиротехника во затворен простор. Но после Кочани барем партиите можеа да се воздржат од пиротехника на отворено. ВМРО-ДПМНЕ (нејзината младинска организација) не се воздржа од искушението да прави визуелен спектакл со чад и искри на важен собир, кога партискиот лидер Мицкоски го заврши говорот.

Реагираа и од опозициската СДСМ, нарекувајќи ја прославата на УМС „срамна и скандалозна“, додека Македонија сѐ уште е во црно поради Кочани.

„Срамно е што на оваа прослава се аплаудираше на говор полн со омраза од премиерот Мицкоски, насочен кон семејствата на повредените и загинатите во Кочани.

Дополнително, беа употребени и пиротехнички средства, кои не само што се законски забранети и опасни – токму се и причина за пожарот и големата трагедијата во Кочани што ја зави државата во црно.

Кој наредил и кој одобрил употребата на пиротехника на прославата на УМС? Кој ја набавил и ја дистриубуирал? Зошто МВР молчи?

Или за УМС на ВМРО-ДПМНЕ не важат законите?“, велат од опозициската партија.