Другиот внук на Ахмети, брат на купувачот на Соравиа, станал дипломат

Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети, влезе во фокусот на вниманието откако заедно со албанска фирма купија 90 проценти од бизнис-центарот „Соравиа“.

Тој има неколку компании, а во некои од нив порано бил содружник заедно со неговиот брат Бесиан Ахмети, кој, пак, лани бил вработен Министерството за економија за да ги следи договорите за концеција за минерали.

После нецела година во економија, Бесиан Ахмети заминал во Брисел и бил именуван за прв секретар за продлабочување на економската соработка со земјите од Бенелукс.