Дронзина: Бугарија е центар на хибридните војни

Професорката Татјана Дронзина од Универзитетот Св. Климент Охридски во Софија смета дека Бугарија не се справила со корупцијата, но нема веќе драматични случаји со помош на новото законодавство и сменетите закони кои во голем степен го санкционираат извршувањето на корупцијата.

  • Утврдуувањето на корупцијата е многу тешко. Имаме драстични случаји кои не се корупција, како што се неквалитетното конструирање на магистрали и други објекти и дел од наменските сретства за тоа, се присвоени. Опозицијата е секогаш на страната на разоткривање на корупцијата. – вели Дрозина.

Таа смета дека елитите од сенка и врската со политиичките елити имаат нешто заедничко. Тоа се должи на друг фактор, нердостатоикот на консензус на култура на бугарските партии и културата на преговори, нешто кое се гради со децении, а Бугарија ја нема. Бугарските избирачи рекоа дека сакаат да управуваат со коалиција, а политичките сили не сакаат.

  • И оттука доаѓаат проблемите во општеството. Сето она што го видовме и оние документи кои протекоа од Викиликс ни покажаа дека светската економија е потоната во корупција и тоа не само поранешните социјалистички земји – вели Дрозина.

Во однос на хибридните напади, Дрозина смета дека Бугарија е центарот на хибридните војни, напади и подривачката дејност против другите земји, меѓу кои и Македонија. Бугарија протерала многу службеници од руската амбасада и биле осудени поради тоа, но и заплашувани од Русија. Но, Бугарија покажала цврст став во таа насока.