Дрин Ахмети иако себеси се претставува како млад претприемач кој е независен од државата, сепак вистината е малку поразлична од тоа. Според најновите информации тој добил финансии и од ЕЛЕМ.
Преку два тендери од македонските Електрани добил 5.310.000 денари. За набавка на доломитски или калциски сепариран варовник, прво на 17-ти февруари 2022-ра фирмата Еверест ЏД, во сопственост на внукот на Али Ахмети добила речиси 30.000 евра, а пред помалку од еден месец, на 13 јуни годинава добила уште речиси 60.000.
Иако Дрин добива бизниси од државните институции во државата каде веќе 20 години на власт е партијата на неговиот чичко, сепак вели вечниот лидер на ДУИ немал ништо со неговите бизниси.
-Али Ахмети ми е чичко и Бог да го благослови. Тој ми е мотивација. Ахмети и помогна на оваа држава. Немаше да ја имаме Македонија денес ако го следевме Љубчо Георгиевски кој ќе ја поделеше државата, кажа Ахмети.
Покрај од ЕЛЕМ, на сметката на Дрин Ахмети пари легнале и од Фондот за иновации, каде директор е Фестим Алили, кадар на ДУИ, партијата со која раководи неговиот чичко.
За иновациите пари на фирмите на младиот бизнисмен легнале годинава меѓу февруари и мај, а вкупната сума е нешто помалку од 80.000 евра. На сметката на Еверст ЏД легнале 45.000 евра, додека ТХОР Индустрис добила нешто повеќе од 30.000 евра.
Од Фондот за иновации потврудваат дека младиот Ахмети добил пари од нив, но се правдаат дека и за некои апликации го одбиле.
Инаку, името на Дрин Ахмети стана актуелно во јавноста кога беше објавено дека тој преку неговата фирма Тхор Индустрис стана сопственик на 39 проценти од деловниот центар Соравија за 0 евра.