Дрин Ахмети бара извинување од ВЛЕН: Не е точно дека сум виден со „ролс ројс“ од 400.000 евра

Внукот на Али Ахмети испрати до медиумите соопштение на англиски јазик со реакција по последните обвинувања од коалицијата Вреди дека неодамна бил виден како вози автомобил марка „ролс ројс“ со кичевски регистарски таблички, вреден 400 илјади долари. Тој вели дека тврдењето е лажно и неосновано.

„Ова обвинение е безобразна измислица, за која нема факти, ниту докази. Ширењето вакви невистини е штетно за мојот углед, но се создава и лажна слика во јавноста. Барам итно повлекување на вашата изјава и формално јавно извинување. Ако не го сторите тоа на време, не ми оставате друг избор освен да ги следам правните чекори“, пишува Ахмети во соопштението.

Тој наведува дека неодговорно и неетички е да се шират неосновани изјави во обид да се одвлече вниманието од какви било недостатоци и неуспеси на владејачката коалиција. Ги повикува „Вреди“ да се фокусираат на конструктивен дијалог и фактички дискурс наместо да прибегнуваат кон тактики за оцрнување.

„Верувам дека коалицијата ‘Вреди‘ ќе ја препознае сериозноста на овој случај и ќе преземе итни чекори за да се поправи ситуацијата. Останувам посветен на заштитата на мојот интегритет и нема да се двоумам да ги повикам на одговорност оние што намерно шират лажни изјави за мене“, вели Дрин Ахмети.

ВЛЕН: Дрин Ахмети во Ролс Ројс, Мијалков во Ферари, граѓаните во сиромаштија – ова беше режимот на ДУИ