Државниот секретар Азири: Новите генерации Албанци ќе им ги скршат рацете и нозете на сите што ќе се обидат да ги понижат Албанците

Државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири вечерва сподели видео од инцидентот во Собранието во кој координаторот на ДУИ, Арбр Адеми фрла предмети кон Антонијо Милошоски и други пратеници од опозицијата и му даде поддршка на Адеми.

  • Антиалбанец како Милошоски заслужува и повеќе, времето на продавачите на магла заврши, новите генерации Албанци ќе им ги скршат рацете и нозете на сите што ќе се обидат да ги понижат Албанците, напиша Азири и додаде емотикон со тупаница.