Македонскиот премиер Христијан Мицкоски ниту на фб не и честиташе на Радмила Шекеринска, за новата функција заменик генерална секретарка на НАТО. Во последната објава на неговиот фб статус пишува за „Историски момент“, за „процентуалното зголемување на паричната маса за исплаќање на платите на здравствените работници“.
На адресата на новата заменичка на ген-секот на Алијансата, честитки не пристигнаа ниту од министрите за одбрана, за надворешни работи, ниту пак од останатите 20 тина други.
Ниту претседателката на државата Гордна Сиљановска Давкова не и честиташе на Шекеринска иако таа ја има највисоката позиција на која е назначен некогаш некој македонски функционер во историјата на државата. На фб профилот пак, во последна објава на шефицата на Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, пишува „Особено ми е драго што бев опкружена со голем број на млади на свеченото одбележување на Меѓународниот ден на студентите“…
На фб профилот пак, Шекеринска прими честитки од голем број на граѓани и нејзини сопартијци.
Шекеринска денеска рече дека ќе ѝ биде привилегија да служи како заменик-генерална секретарка на НАТО.