Државата наместо да штеди, троши без усул за време криза, економистите апелираат на сериозност
Државата троши без усул за време на економска, енергетска, здравствена и секаква криза. Познавачите на состојбите постојано алармираат да се зауздаат непотребните тршења, но по се изгледа сите аплеи се бадијала. За време на беспарица се куваат скапи луксузни коли, државата слабо вложува во лошата инфраструктура, плаќа казни и пенали и на големо се задолжуваме на сите страни.
Последна во низата е огромната казна од 6,5 милиони евра, кому лани Македонија платила на Европската Банка за обнова и развор, за неизградба на пругата кон Бугарија. Станува збор за втората од вкупно три делници, кои треба да се изградат за железничко поврзување со Бугарија преку коридор 8. Ова стои во годишниот извештај на „Железници“ инфраструктура, според кој повторно паднале во загуба од 5 милиони евра.
Дека незаконски се трошеле државни пари за време на пандемијата со Ковид 19 потврдија и од Центарот за граѓански комуникации. Велат дека само минатата година, здравствени институции купувале медицински производи и по пет пати поскапо од реалната вредност на производите. Се купувале дури и луксузни коли со скапа боја и фул опрема.
И натаму има големи разлики во цените за исти производи, набавени во ист временски период, што се движат и до 500 отсто, при набавката на реагенси, постои долгорочна зависност од фирмата чиј апарат за тестови го користи институцијата што содржи ризик од плаќање високи цени за реагенсите и можност за корупција, а постои и слаба документираност на и онака нетранспарентните постапки со преговарање без објавување оглас, ангажирањето надворешни лица и фирми за спроведување на јавните набавки носи високи ризици од судир на интереси и корупција, покажува Извештајот.