Државата го доби случајот „Казандол“ вреден 115 милиони евра, соопшти Николоски

„Сакам да информирам за донесената пресуда во арбитражната постапка ‘Казандол’ каде државата беше тужена од неколку инвеститори. Нивното барање беше 115 милиони евра отштета, но можам со гордост да кажам дека овој случај го добивме, сите 11 основи по кои државата беше тужена се одбиени и заштедени се 115 милиони евра. Пресудата е целосно во наша корист, а случајот не беше воопшто лесен, подвлече Николоски.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска на прес-конфернција соопшти дека државата го добила случајот „Казандол“.

„Сакам да информирам за донесената пресуда во арбитражната постапка ‘Казандол’ каде државата беше тужена од неколку инвеститори. Нивното барање беше 115 милиони евра отштета, но можам со гордост да кажам дека овој случај го добивме, сите 11 основи по кои државата беше тужена се одбиени и заштедени се 115 милиони евра. Пресудата е целосно во наша корист, а случајот не беше воопшто лесен, подвлече Николоски.

Тој смета дека државата ќе добие уште најмалку два случаја.

„Ова се затворени процеси и до донесување пресуда детали не смеат да се изнесуваат. Постапките се многу комплицирани. Но, ако продолжи овој след, а јас сум убеден дека ќе продолжи, тогаш надлежните органи ќе треба сериозно да се позанимваат со тоа како биле отворани арбитражите и како бевме сите убедувани дека Македонија ќе губи стотици милиони евра, а некогаш и милијарди, а еве не ги губи и зошто овој случај бил затворен во декември 2023 година. Ние повторно го отворивме, имало простор и еве го добивме“, објасни Николоски.