Дресот кој Мајкл Џордан го носел за време на последната плеј оф серија од неговата НБА кариера е продаден за неверојатни 5 милиони долари.
Мајкл Џордан освои шест шампионски титули со Чикаго Булс, а последната во 1998 година, кога ги совлада Јута Џез.
Дресот што „МЈ“ го носеше во првиот натпреварот од таа финална серија е еден од двата што некогаш се појавиле на аукција на „Сотби“.
Дресот беше продаден за неверојатни 5 милиони долари и е вториот најскап дрес некогаш продаден на аукција, веднаш зад дресот на легендарниот Диего Армандо Марадона од 1986 година, кој беше продаден за 9,3 милиони долари.
„Таа сезона 1997/98 е една од најпопуларните во кариерата на Мајкл Џордан и тој ги достигна височините за кои сонуваат многу спортисти.