„Дрво на пријателството“ – регионална акција за садење дрвја за подигање на свеста за загадувањето на воздухот

Со истовремено засадување на 600 дрвја во 11 градови низ регионот, денеска ќе се одбележи петгодишнината од иницијативата „Дрво на пријателството“ посветена на поттикнување на солидарноста и подигање на свеста за загадувањето на воздухот. Во државава, садењето се организира во соработка со локални партнери и основачи на апликацијата „Чист Воздух“, со садење на 110 садници во општина Аеродром.

Со истовремено засадување на 600 дрвја во 11 градови низ регионот, денеска ќе се одбележи петгодишнината од иницијативата „Дрво на пријателството“ посветена на поттикнување на солидарноста и подигање на свеста за загадувањето на воздухот. Во државава, садењето се организира во соработка со локални партнери и основачи на апликацијата „Чист Воздух“, со садење на 110 садници во општина Аеродром.

Почетната точка е улицата „Владимир Комаров“ бр.6, а садниците на барање на граѓаните ќе бидат посадени на парк површините меѓу зградите лоцирани на потегот на оваа улица.

Регионалната кампања „Дрвото на пријателството“, што ја иницираше Европскиот фонд за Балкан (ЕФБ) и која се спроведува од 2020 година во соработка со локални партнери во сите земји на регионот, прерасна во активност која служи како пример за регионална солидарност. Овие симултани акции до сега се организираа не само во главните градови, туку и во помалите градови како што се Бор, Пеќ, Смедерево, Косјериќ, Зеница, Тузла, Камза.

Досега се засадени вкупно 2.700 дрвја во 15 градови од 6 земји од регионов, со учество на 19 локални партнери.

– Со нашата акција Дрво на пријателството, првенствено сакаме да покажеме како може да изгледа регионалната солидарност во пракса. Драго ни е што успеавме да вклучиме локални партнери и да ја прошириме оваа мрежа во текот на изминатите години. Градовите од нашиот регион повторно и повторно се појавуваат на листата на најзагадени градови во светот и важно е да се преземат заеднички и конкретни чекори за да се спречи продолжувањето на овој тренд. Садењето дрвја е едно од наједноставните, објаснува Александра Томаниќ, извршна директорка на ЕФБ.

Од ЕФБ во соопштението подвлекуваат дека нивната цел останува иста – да продолжат да даваат пример дека со преземање на индивидуална одговорност и информирање на јавноста за сериозноста на загадувањето на воздухот и климатските промени, е можно да се направи промена на локално и регионално ниво.

– Земјите од Западен Балкан продолжуваат да водат по најлош квалитет на воздухот во Европа. Сите граѓани од регионот се подеднакво изложени на смртоносни загадувачи на воздухот, а Скопје и градовите низ Македонија не заостануваат од овој негативен тренд, се вели во соопштението.

Петтото издание на акцијата „Дрво на пријателството” е организирано од Европскиот фонд за Балкан во соработка со локални партнери – Еко Форум од Зеница, Фондација за развој и демократија од Сараево, Картон Револуција од Тузла, Институт за просторно управување со животната средина од Тирана, РЕСУ од Камза, Зелена ренесанса од Пеќ, Air Care од Скопје, КОД од Подгорица, Да ги браниме шумите на Фрушка Гора и Војводинското движење за животна средина од Нови Сад и Здружението за развој на градот од Бор.