Драма на плажа кај Горњи Милановац – змија се завиткала околу вратот на жена

Весна Т. од Чачак (56), доживеала вистински шок кога пливала на плажа кај Горњи Милановац доживеала непријатна средба со змија.

– Почувствував дека нешто ми е обвиткано околу вратот додека пливав, мислев дека тоа е некој дел од костимот за капење, меѓутоа, доживеав вистинска траума кога здогледав змија која ми беше закачена околу вратот – изјавила жената за агенцијата РИНА.

Таа додава дека била исплашена, но дека знаела дека мора веднаш да реагира бидејќи секој момент на чекање може да биде опасен.

– Рефлексно го соблеков и го фрлив во водата, а потоа допливав до брегот. Дури после некое време се вразумив. Во моментот кога змијата ми се завитка околу вратот, во водата имаше околу 50 луѓе, фала богу опасниот рептил не пријде на ниту едно дете – вели Весна.

Кога им раскажала на мештаните што се случило, тие и кажале дека годинава има рекорден број змии не само во водата, туку и на копно.

Ова се поклопува со изјавите на познатиот ловец на змии од Чачак, Дејан Бисениќ, кој нагласува дека никогаш немал повеќе работа.

– Има толку многу јавувања што е невозможно да се сретнам со сите, поради што често наидувам на недоразбирања од граѓаните. Затоа апелирам до сите, особено до оние кои се враќаат од природа, прво да ги прегледаат автомобилите, бидејќи ние самите не сме свесни колку често можеме да ги најдеме таму – додава Бисениќ.