Драма на автопат во Хрватска: Семејство си го заборавило детето на паркинг
Во екот на туристичката сезона, низ автопатиштата во Хрватска има големи гужви, а притоа се случуваат грешки. Но, на едно семејство му се случила неверојатна грешка, откако си ја заборавиле ќерката на паркинг среде автопат.
Застанале да одморат на одморалиштето „Рашќане“, а потоа го продолжиле патувањето кон Задар.
Додека се движеле со повеќе возила, сфатиле дека го нема нивното 11-годишно дете, и дека го заборавиле. Веднаш ги повикала вработените на бензинската пумпа и им објаснила како се случилo.
Вработената веднаш им се јавила на полициските службеници, кои пристигнале на местото.
Мајката кажала дека поради тоа што патувале со повеќе возила, биле уверени дека девојчето се качило во друг автомобил, но потоа сфатиле дека го нема.
Полицајците го пронашле изгубеното девојче, и го чувале додека да дојде полицијата. Полицијата го смириле девојчето и му кажале дека неговото семејство набрзо ќе дојде со нив.
Неколку часа подоцна дошле родителите и го земале детето.