Драма во Ресен: Жител нападна вработен во Општината
63-годишен жител на Ресен вчера нападнал вработен во општинскиот сектор за урбанизам, по што бил уапсен.
„На 06.06.2023 во Ресен, полицајци од ОВР Ресен го уапсиле И.М.(63) од Ресен затоа што во зградата на општина Ресен физички нападнал вработен во Одделението за урбанизам во општина Ресен“, се вели во полициското соопштение.
По целосна анализа и документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.