Вистинска драма се случувала вчера во Кондово кога двајца мажи внесле момче во автомобил и го тепале.
– На 23.12.2023 во 18.20 часот во СВР Скопје Х.Р.(19) од с.Горна Матка-скопско пријавил дека на 18.12.2023 околу 18.00 часот во с.Кондово, додека бил заедно со Ј.И. дошле Б.Н. и И.Н. и физички го нападнале Ј.И., а потоа пријавителот насилно го внеле во нивното возило и физички го нападнале, по што успеал да излезе од возилото, информираат од полицијата.
Како што инофрмираат од МВР, според пријавеното, причина било претходно нерасчистени должничко- доверителски односи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.