Причината за вечерашната тепачка во автобусот број 51 на ЈСП вечерва во населбата Кисела Вода, е всушност, местото за седење во автобусот, отстапено за некое девојче, според неофицијални информации. Поради ова, група средношколци од Студеничани и од Моране започнале групна физичка пресметка, при што едниот од средношколците извадил нож.
Од Министерството за внатрешни работи сѐ уште нема објавени официјални информации за повредени на настанот и останати детали околу вечерашната случка. Според извори на Прес24, во инцидентот, еден од учесниците бил прободен со нож.