ДПИ ги затвори маркетите кои не се придржуваат до „гарантирана цена“

Затворени пет големи ланци на маркети, но казнети вкупно седум маркети-во вкупна вредност од скоро 70 000 евра, во Чаир, Тафталиџе, Кисела Вода, Бутел како и во Струга и Кичево.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат со апел до сите трговци дека од понеделник инспекторите интезивно ќе вршат контроли-по Законот за трговија, но и по Законот за потрошувачи.

Директорот Трајковски, дециден-вели нема да има компромис во постапувањето на пазарниот инспекторат, кога е во прашање интересот на граѓаните. Контролите на инспекторите ќе продолжат до крајот на ноември.

Директорот на ДПИ вели дека најмногу придонеле граѓаните кои пријавувале неправилности. А граѓаните пак, велат дека последниве месеци цените енормно се зголемени, а моменталното намалување речиси и да не го забележуваат, поради досегашниот стандард и нивните емсечни примања.

Пред некоку дена, министерот Крешник Бектеши, изјави дека од идната недела ќе се намалат за минимум десет проценти и цените на пијалаците. И тогаш најави дека испекторите ќе бидат на терен и нема да имаат милост за прекршителите, вклучувајќи ги и производителите..

Од 20-ти септември на сила е владината мерка-со која стотина прехранбени производи се вратија на цените од минатиот месец, односно намалени за 10 отсто. Производите со намалена цена се означени со налепница на која пишува „гарантиртана цена“.