До 20:30 часот гласале 7 935 болни или немоќни лица, а до 18:30 часот гласале 1 400 кои издржуваат казна затвор или притвор

Броењето на овие гласови и објавувањето на резултатите од денешното гласање се врши заедно со резултатите од целокупното гласање на изборите утре по 19: 00 часот, за секое избирачко место и секоја општина.

Од вкупно 8 856 болни или немоќни лица кои можат да го остварат своето право на глас на овие локални избори, до 20:30 часот гласале 7 935 гласачи. Од вкупно 2 162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор, до 18:30 часот гласале 1 400 гласачи, соопшти вечерва Државната изборна комисија (ДИК).

Во установите за вонсемејна грижа до 18:30 од 442 лица сместени во овие установи гласале 297 гласачи.

– Гласањето за сите овие категории на гласачи се одвиваше непречено и без никакви проблеми и недоследности, се наведува во соопштението.

ДИК известува дека резултатите од гласањето на болните и немоќните лица, затворите и домовите за стари лица не се објавуваат денес посебно.

– Секое поединечно гласачко ливче е ставено во посебен затворен плик и во гласачките кутии и тие не се отвораат денес. Броењето на овие гласови и објавувањето на резултатите од денешното гласање се врши заедно со резултатите од целокупното гласање на изборите утре по 19: 00 часот, за секое избирачко место и секоја општина, стои во соопштението.