Руските претставници чекаат одговор од Украина за средбата во белорускиот град Гомел, до 15 часот по локално време – рече водачот на руската делегација, Владимир Медински.
„Смирено го предлагаме. До 15 ќе бидеме тука и ќе го чекаме одговорот на украинската страна за потврда на одликата да дојдат на преговори во Гомел. Штом ја добиеме потврдата и ќе се сретнеме со нашите колеги за преговорите. Ние сме за мир. Доколку преговорите бидат одбиени, целата одговорност за крвопролевањата ќе биде на украинската страна. Ние сме тука до 15 часот и го чекаме договорот од украинската страна“ – рече Медински.
За појаснување, Медински рекол дека станува збор за локално белоруско време, до 15 часот.
Покрај Медински во делегацијата се високи претставници на ниво на заменици министри за одбрана, за надворешни работи, рускиот амбасадор во Белорусија и челникот на надворешнополитичката комисија на рускиот парламент, Леонид Слуцки.
Украинскиот претседател Зеленски ја отфрли можноста за учество на украинска делегација на средба во Белорусија, обвинувајќи ја оваа земја дека наводно од нејзина територија биле лансирани проектили кон Украина.
„Доколку немаше агресивни дејствија од вашата територија, би можеле да разговараме во Минск… Секако дека сакаме мир, сакаме да се сретнеме, сакаме војната да заврши. Варшава, Братислава, Будимпешта, Истанбул, Баку, им ги понудивме на Русите. Би ни одговарал и кој било друг град, во земја од чија територија не се гаѓаат проектили кон нас. Само на тој начин преговорите можат да бидат фер и навистина да се стави крај на војната“ рече Зеленски.