
До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто
До 15 часот излезеноста за локалните избори во земјава е 30,26 проценти, а за Скопје 29,94 отсто, соопшти ДИК. Како што информира портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, на ниво на државата гласале 208.571 лице или 93,59 проценти на избирачки места од кои што се пристигнати податоци, додека за Скопје гласале 104.182 лица, а податоци се пристигнати од 656 избирачки места или 95,77 отсто.
До 15 часот излезеноста за локалните избори во земјава е 30,26 проценти, а за Скопје 29,94 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Како што информира портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, на ниво на државата гласале 208.571 лице или 93,59 проценти на избирачки места од кои што се пристигнати податоци, додека за Скопје гласале 104.182 лица, а податоци се пристигнати од 656 избирачки места или 95,77 отсто.
-Статистиката по општини е следна – излезноста во Општина Аеродром до 15 часот изнесува 28,35 проценти, во Општина Бутел 18,52 проценти, во Општина Гази Баба 20,51 процент, во Општина Ѓорче Петров 23,26 проценти, Карпош 32,40 проценти, Кисела Вода 27,45 проценти, во Сарај шест проценти, Центар 31,65 проценти, Чаир 8,83 проценти и во Општина Шуто Оризари 19,69 проценти, рече Тодоровска Алексовска.
Најголема излезеност се забележува во Општината Карпош со 32,40 проценти и Општина Центар со 31,65 проценти. Најмала излезеност за Градот Скопје се забележува во Општина Сарај шест проценти и Општина Чаир 8,83 проценти.
Во првиот круг до 15 часот излезеноста била 31,16 проценти за Градот Скопје.
-Статистиката по општини е следна – излезноста во Општина Аеродром 28,35, Боговиње 26,49 проценти, Брвеница 40,83 проценти, Валандово 38,54 проценти, Виница 32,59 проценти, Дебар 26,72 проценти, Демир Капија 46,97, Дојран 46,75, Зрновци 36,26 проценти, Карпош 32,40, Кичево 31,81 процент, Конче 45,50, Кочани 26,72, Крушево 50,22, Куманово 22,10, Лозово 46,95, Македонска Каменица 34,48, Македонски Брод 36,92, Неготино 34,80, Пробиштип 49,04, Ранковце 44,64, Росоман 48,13, Струга 27,22, Студеничани 28,88, Тетово 30,94, Центар 31,65, Чешиново Облешево 38,82, Чучер Сандево 40,69, Шуто Оризари 19,69 проценти. Во првиот круг излезеноста во 15 часот била 31,16 проценти, рече Тодоровска Алексовска.
Таа информира дека гласањето до овој момент се одвива непречено и во најдобар ред. Потенцира дека сите приговори кои биле доставени до ДИК за лично избирачко право се решаваат и сите граѓани непречено си го остваруваат своето право на глас. Нагласи дека засега до ДИК нема пријавено инциденти.
Апелира до избирачките одбори на избирачките места дека треба да се дозволи непречено медиумите од државата да ја остваруваат својата дејност и да не се попречува нивното присуство.