
До МВР стигнале 10 пријави за нарушување на изборниот молк и 19 објави на социјалните мрежи
МВР информираше дека за време на предизборниот молк, кој траеше од 1 ноември до 7 часот утринава, се регистрирани 10 пријави за нарушување на изборниот молк.
Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека за време на предизборниот молк, кој траеше од 1 ноември до 7 часот утринава, се регистрирани 10 пријави за нарушување на изборниот молк.
Пријавите, како што велат од МВР, се регистрирани на повеќе подрачја.
По три пријави имало на подрачјето на СВР Скопје и СВР Охрид, две во делот на СВР Штип и по една пријава во СВР Тетово и во СВР Битола.
По преземени мерки, шест од пријавените настани не се потврдени.
Покрај овие пријави, МВР регистрирало и 19 објави на социјалните мрежи за време на изборниот молк. Овие објави се однесуваат на повик за гласање за одредени кандидати, како и објавени видеа и слики од партиски активности одржани во штабови.
Во врска со гласањето, од МВР велат дека на 1 ноември 2025 година бил регистриран еден настан за фотографирање кочан со гласачки ливчиња во основното училиште „26 Јули“ во Општина Шуто Оризари. Според информациите од полицијата, едно лице е приведено и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Од МВР информираат дека гласањето на болни и изнемоштени лица и затвореници на сите подрачја поминало без нарушување на гласачкиот процес.