До крај на март Украина ќе добие 700 милиони долари од СБ
Дејвид Малпас – претседателот на Светска банка му соопштил на претседателот на Украина – Володимир Зеленски дека оваа меѓународна финансиска институција работи на кредитни програми во вредност од околу 700 милиони долари за Украина, кои ќе бидат исплатени до крајот на март.
Тој истакнал дека пред одборот на директори бил даден предлог за зголемување на износот на итниот готовински заем за Украина на 500 милиони американски долари, а новите проекти и реструктуирањето на постојните, ќе обезбедат дополнителни 200 милиони долари како поддршка за итна исплата до крајот на март.
Светската банка формирала повеќедонаторски доверителски фонд за да помогне во насочување на средствата од донаторите во Украина, со повеќе од 130 милиони американски долари кои досега се добиени од Велика Британија, Данска, Летонија, Литванија и Исланд.