До адресата на српскиот портал „Телеграф.рс“ стигнала електронска пошта од непознат испраќач во која се наведува дека на повеќе локации во Белград била поставена експлозивна направа.
Вака гласи мејлот пристигнат до редакцијата:
„Поставивме бомби на следните локации:
-Терминали на аеродромот Никола Тесла
-На летовите TK 1080 и FZ 1746
-Музејот на Никола Тесла
-Белградска тврдина
-Музеј на современа уметност во Белград
-Старк Арена
-Југословенски музеј
-Аквариум
-Зоолошката градина во Белград
-Наследната куќа
-Националниот музеј
-Руската, белоруската, кинеската, суданската и кубанската амбасада.
-Простории на Ер Србија во Белград
-Простории на Турски авиокомпании во Белград
-Поставивме бомби и на железничките станици во Белград, трговските центри и факултетите.
-Поставивме бомби и на следните локации:
-Универзитет во Белград Студентски трг 1
-Унион универзитет – Никола Тесла
-Факултет за спорт Народних хероја 30, 1 кат
-Факултет за применета екологија – Футура
-Рударско-геолошки факултет, Универзитетот во Белград
-Универзитетот Сингидунум
-Шопинг центар
-Парк Бео Авив
-Трговски центар ТЦ „Земун Парк“ – Земун
-ТЦ „Галерија“ – Белград, Нов Белград
-Железничка станица Белград Центар
-Железничка станица Дунав
-Куќата на Александар Вучиќ
-Куќата на Ана Брнабиќ
-Куќата на Александар Вулин
Овие бомби ќе експлодираат помеѓу 16 и 18 часот.
Русија е терористичка нација која продолжува да го тероризира светот. Србија ги поддржува и нивниот влез во Европа е дека ние немаме друг избор освен да ѝ држиме лекција на Србија.
Ќе продолжиме да ги бомбардираме вашите градови додека не ја направите вистинската работа. Воведовте санкции на Белорусија, а сега воведете ги на РУСИЈА. Нема да не спречите“.
Иако во мејлот беше наведено дека бомбите ќе експлодираат до 18 часот, барем до сега нема никаква детонација во српската престолнина, јавуваат тамошните медиуми.