Дојави за поставени бомби во две основни училишта во Нови Пазар

➡ Двете најголеми основни училишта во Нови Пазар, „Братство“ и „Рифат Бурџовиќ Тршо“, утрово добија дојави за поставена бомба.

Двете најголеми основни училишта во Нови Пазар, „Братство“ и „Рифат Бурџовиќ Тршо“, утрово добија дојави за поставена бомба.

Директорот на Основното училиште „Братство“ Дејан Колунџиќ изјави дека ја виделе е-поштата откако работниците пристигнале во таа образовна институција и дека родителите и учениците веднаш биле информирани дека наставата нема да се одржува сè додека полицијата не спроведе истрага, јави РТС.

Истата постапка преземена и во Основното училиште „Рифат Бурџовиќ Тршо“.

Основното училиште „Братство“ е најголемото училиште во Нови Пазар со повеќе од 2.000 ученици, додека основното училиште „Рифат Бурџовиќ Тршо“ има нешто повеќе од 1.500 ученици.

Припадници на МВР на Србија вршат истрага