Утринава Министерството за образование на Србија соопшти дека во 97 основни училишта во главниот град добиле дојави за поставени бомби, а истот се случувало и во некои од средните училишта. Во голем број од нив по полициската проверка било утврдено дека се работи за лажни дојави.
Родителите добиле пораки да не ги носат децата на училиште, наставата воопшто не ни започнала, а децата кои пристигнале биле враќани дома.
Надлежните служби биле информирани и претстои претрес на специјализирани екипи, јавуваат тамошните медиуми.