Дојави за бомби во четири трговски центри во Србија

Во три трговски центри во Белград – „Галерија“, „Меркатор“ и „Рајичева“, како и во трговскиот центар „Делта планет“ во Ниш денеска имало дојава дека е поставена бомба.

Трговските центри веднаш биле евакуиран.

Украинското Министерство за надворешни работи денеска ги демантираше наводите за вмешаност на Киев во лажните закани со бомби на патничките летови од Белград до Москва по синоќешната изјава на претседателот Александар Вучиќ за наводната вмешаност на Украина и една земја на ЕУ во заканите со бомби на авионите кои летаат од Србија за Русија

Портпаролот на министерството – Олег Николенко за „Укринформ“ изјави дека станува збор за „неосновани обвинувања“.

„Војната можеме да ја завршиме со санкции и преку единство на демократскиот свет. Го повикуваме Белград да застане во одбрана на вистината и целосно да ја поддржи Украина и вредностите на кои се заснова обединета демократска Европа“ – порача Николенко.