Дојави за бомби во центарот на Белград: Евакуирани два популарни трговски центри!

Дојавите за бомби не престануваат

Денеска, по упатените закани до Градската управа на Белград и Катастарот, Апелациониот суд и адресите на повеќе образовни институции во Ниш и Крагуевац, пријавите стигнаа и до трговските центри во главниот град.

Попладнето поради тоа се евакуирани „Бео“ и „Ада мол“.

Да потсетиме, лажните пријави за поставени бомби во трговски центри, училишта и други јавни места го одбележаа месецот зад нас.

Дојава за бомбата бил пријавен и во Академијата за воздухопловство. Полицијата излезе на терен, се покажа дека се е чисто.

Бомбата била пријавена и во Математичката гимназија утрово околу 9.30 часот. Полицијата излегла на терен и утврдила дека се работи за лажна пријава.

Анонимна пријава за бомба беше пријавена денеска во зградата на градската управа и катастар во Палилула во Белград. Целата зграда е евакуирана.

Припадниците на безбедносните служби на Србија идентификуваа неколку земји од кои во последните недели на јавни згради се добиваа заканувачки пораки и лажни дојави за бомби.

– Утврдено е дека осум такви закани дошле од Полска, четири од Гамбија, две од Иран и Нигерија и по една од Украина, Словенија и Русија – соопшти МВР на почетокот на месецов.