Учениците во пет средни училишта во Скопје денеска се евакуирани. Добиле заканувачки пораки на електронска пошта.
Во училиштата се пристигнати екипи на МВР со кучиња трагачи, а децата се изнесени надвор и се ослободени од настава. Случајот го потврдија и од МВР.
„Денеска во СВР Скопје е пријавено дека на меил адреси на пет училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за раасчистување на случајот – информира МВР.
Истата електронска порака е пратена во средните училишта „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“,„ Раде Јовчевски-Корчагин“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“.