Дојави за бомби во основни училишта во Белград и Крагуевац

Неколку основни училишта низ Србија од утрово добиле дојави за поставени бомби, јавуваат српските медиуми

Како што објави Нова.рс, закани за бомби пристигнале на адресите на неколку основни училишта во Белград и Крагуевац.

Во тек е увидот во училиштата, по што ќе се знае дали учениците ќе се вратат на настава.

Според извештаите, пријавите биле добиени по електронска пошта, а родителите биле известени да не ги носат децата додека не се утврди дека е безбедно.

Дојави за бомби во неколку училишта во Србија имаше и пред една недела.