Дојави за бомби во објекти на Радио телевизија на Србија и Радио-телевизија Војводина

Радио телевизија на Србија (РТС) добила дојава за поставена бомба во објектите на Кошутњак во Белград, (МВП), а дојави за бомби пристигнаа и на адресата на Радио-телевизија Војводина (РТВ) во Нови Сад.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека во тек е работата на специјализирани, контрадиверзантски екипи на полицијата.

Двете згради на РТВ утрово повторно се евакуирани поради закана за бомба. Како што е објавено на сајтот на јавниот сервис на Војводина, вработените во РТВ повторно добиле заканувачка порака за наводно поставена бомба во зградата.

Известени се и припадниците на полицијата, а во моментов се врши антидиверзантски увид на објектот.

Ова е втор пат оваа недела РТВ да добива заканувачки мејл за поставување експлозивна направа.

Претходно, тоа беше во вторник, на 21 ноември, во исто време кога и РТС во Белград доби дојава за бомбата.

Во средата централниот ТВ Дневник на Радио телевизија на Србија (РСС) кој започнува во 19 часот и 30 минути доцнел неколку минути бидејќи системот бил нападнат од хакери, соопшти водителката.

-Веќе втор ден нашата куќа се соочува со технички проблеми по вчерашната дојава за бомба, кажа водителката на дневникот РТС, додавајќи дека „не сме во можност да емитуваме некои програми по планираниот редослед, а некои можеби нема да можеме да ги прикажеме“.