Во Министерството за надворешни работи преку електронска пошта стигнала информација дека во зградата се поставени експлозивни направи, соопштија од Министерството.
Како што стои во соопштението, Министерството веднаш ги известило соодветните служби во МВР, по чии насоки заградата е веднаш евакуирана.
„Соодветно на безбедносните протоколи, штом се создадат соодветни услови, вработените ќе се вратат на работа“ – се додава во соопштението.