Авионот на Визер на релација Белград-Базел, кој полета во 12 часот и 40 минути, е пренасочен кон аеродромот во Германија поради дојава за бомба на аеродромот во Базел.
На веб-страницата на белградскиот аеродром беше наведено дека авионот на тој лет е пренасочен, а медиумите објавија дека летот е пренасочен на аеродромот во Фридрихсхафен, во германската сојузна покраина Баден-Виртемберг.
Како што е објавено на веб-страницата „Евро“ на аеродромот Базел-Мулхаус-Фрајбург, поради дојава за бомба на аеродромот во швајцарскиот град Базел, терминалот мораше да биде евакуиран, а тој се уште е затворен.