Доцни државната помош за странските компании, Мицкоски се правда со Антикорупциската комисија

Доцни исплатата на државната помош за странските компании кои што работата во земјава, а доцни и поддршката за домашните компании за направените инвестиции, кои не ги добиле средсвата за минатата 2024 година, а за годинава не биле склучени ни договори, што го отвора прашањето за кондицијата на Буџетот. Како што изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, ваквиот застој се должел на нејасниот одговор од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата, до која било доставено барање да одговори дали во време на кампања (за локалните избори, заб.) такви средства може да се исплаќаат од Буџетот.

„Апсолутно, ќе ја добијат во рамки на оваа година, се разбира“, рече Мицкоски за доцнењето на државната помош за странските компании кои работат во земјава и за домашните за направените инвестиции, одговарајќи на новинарско прашање на настанот посветен на отворањето на Ресурсен центар за локалната самоуправа.

„Ние имавме, односно да бидам искрен, немавме мислење од Државната комисија за спречување на корупцијата, кога се обративме дали можеме или не можеме (да се исплаќаат буџетски средства) за време на кампањата. И во такви услови ние се одлучивме да почекаме да завршат изборите и да се завршат тие обврски, така што е прашање на денови“, посочи Мицкоски, додавајќи дека тоа важи за сите компании кои што добиваат поддршка, без разлика дали станува збор за годианава или поддршката се однесува за 2024 година.

Мицкоски повтори дека Владата се обратила до ДКСК, но како што кажа не добиле одговор „да или не“ .

„Да беше ‘да’ ние ќе го направевме тоа, но добивме општ фразиран одговор и чекавме да завршат изборите, сето тоа ќе се заврши деновиве“, рече Мицкоски.

Како што истакнуваат претставници на странски компании, државната помош која ја примаат, не доцнела никогаш, односно дека ова е прв пат во 12 години да се случи такво нешто.

„Дванаесет години се исплаќа на време и имало не знам колку избори и никогаш не дошло до доцнење. Оваа година прв пат не се исплаќа со информација дека е тоа заради локалните избори. И тоа е нешто што мислам дека не е ѝ треба на Македонија“, изјави за ТВ Телма, Огнен Цубалевски- извршен директор на ОДВ Електрик.

Сето ова доаѓа во време кога многу од компаниите кои што работат во технолошко развојните индустриски зони се соочуваат со значителни притисоци на пазарите каде што ги пласираат нивните производи, пред сѐ поради кризата во автомобилската индустрија во Европа, а особено во Германија.

За потсетување, деновиве две компании кои што работат во зоните најавија дека ќе прекинат со своите активности во Македонија. Станува збор за две големи американски компании, „Аптив“ и „Дура аутомотив системс“, кои заедно вработуваат над илјада лица.

„Аптив“ најави постепено намалување на обемот на работа и прераспределба на производството кон други држави, при што фабриката во Скопје треба да биде целосно затворена најдоцна до крајот на 2026 година, а „Дура“ најави дека производството ќе биде прекинато поради откажување на нарачки од главниот клиент, што довело до финансиска неодржливост на тековните производствени капацитети.

Премиерот Мицкоски ваквото заминување на странски компани го оцени со зборовите дека „не е крај на светот“.