![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2025/02/meksiko-granica-730x430.webp)
Дополнителни 1.500 американски војници ќе бидат распоредени на границата со Мексико
Пентагон ќе распореди дополнителни 1.500 војници во активнна служба за поддршка на напорите на претседателот Доналд Трамп да се справи со нелегалната имиграција, изјави синоќа американски официјален претставник, пренесе „Си-Би-Ес њуз“.

Со ова, вкупниот број на активни војници на границата ќе достигне околу 3.600.
Наредбата е одобрена, изјави претставникот. Се предвидува испраќање на логистичка бригада од 18-от воздушнодесантен корпус во Форт Либерти, Северна Каролина.