„Веќе премногу се одолговлекува одржувањето на меѓувладината конференција на С Македонија и Албанија со ЕУ, вие исполнивте тешки задачи и реформи и заслужувате брзо да напредувате. САД изразуваат пофалби за С Македонија за континуираните напори во постигнувањето на евроатлантската иднина и силно ги поддржуваме вашите аспирации и сакаме што побрзо да се одржи оваа конференција со С Македонија и Албанија“. Ова е пораката која од Скопје ја упати денеска помошничката на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија – Катрин Дорнфилд
Таа на прес- конференцијата со министерот за надворешни работи – Бујар Османи се заблагодари и за придонесот на земјава во НАТО, посебно во актуелната ситуација со воената агресија на Русија во Украина, но и за сите досегашни активности.
„Благодарност од САД за вашето храбро лидерство и пријателство. Како една од најмладите НАТО сојузници вие сте бранители на демократијата и владеење на правото. Застанавте заедно со другите меѓународни партнери во поддршка на украинскиот народ и нивното право да ја одредат својата иднина. Вие знаете колку е важна слободата и повеќе пати сте докажале дека сте стабилен партнер и земја која придонесува кон регионална стабилност и безбедност“ – рече таа.
Донфрид повтори дека местото на С Македонија е во ЕУ, истакнувајќи дека со тоа ќе се придонесе за поголема стабилност на Балканот и поголем просперите во Европа.
„Ова е време на превизвици и можности, а С Македонија покажа дека е способна да застане во одбрана на овие права и заедно со други земји кои се стремат кон овие вредност ќе станете лидери и со свој пример ќе помагате да се изградата поинклузивни општества и во борбата против коруспцијата. Треба да се одржи темпото на реформи, но С Македонија покажа дека може да се справи со предизвикот“ – е нејзиниот став.
Најави дека на 2. јуни во Вашингтон ќе се одржи стратешки дијалог меѓу претставници на владите на двете земји.