Домашен притвор за судијата Ѓоко Ристов

По три дена следење од страна на обвинителството и полицијата, судијата Ѓоко Ристов, осомничен за корупција, се појави жив и здрав. Тој сега беше повикан на распит во Кривичниот суд од страна на судијата за претходна постапка. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција му ги презентираше собраните докази врз кои се базира сомнението дека тој ги сторил тешките кривични дела за кои се товари.

По три дена следење од страна на обвинителството и полицијата, судијата Ѓоко Ристов, осомничен за корупција, се појави жив и здрав. Тој сега беше повикан на распит во Кривичниот суд од страна на судијата за претходна постапка. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција му ги презентираше собраните докази врз кои се базира сомнението дека тој ги сторил тешките кривични дела за кои се товари.

Кривичните дела кои му се ставаат на товар на осомничениот според Кривичниот законик се присвојување и незаконско прикривање на имот и перење пари и други приходи од кривично дело. Само за едно од делата според е предвидена казна затвор од 1 до 8 години.

„Откако ги оценивме објективните услови кои треба да се исполнат за определување мерка за обезбедување присуство, како и субјективните кои го оправдуваат тоа, јавниот обвинител предложи на судијата за претходна постапка во Основниот кривичен суд во Скопје определување мерка домашен притвор за осомничениот. Покрај оваа мерка, беше предложено и определување на мерка за грижа – привремена заплена на патните документи, при што се забранува нивно издавање и напуштање на државата“, велат од Обвинителството.

Но, како судија во втора инстанца во Апелацискиот суд, на Ристов не можеше да му се изрече мерка домашен притвор додека има имунитет. За одземање на имунитетот, Кривичниот суд побара од Судскиот совет да му го одземе имунитетот на Ѓоко Ристов за да се овозможи покренување на обвинение и евентуално негово судење. Судскиот совет веднаш свика вонредна седница и одлучи за одземање на имунитетот.

„Судскиот совет одржа вонредна седница број 535 на која беше разгледан барањето на Кривичниот суд. Со 10 гласа „за“ од сите присутни во Судскиот совет, на судијата Ѓоко Ристов му се одзема имунитетот и му се суспендираат сите судски активности додека трае истражната постапка и евентуално судскиот процес. Со ова се овозможува одлуката на кривичниот суд за негов домашен притвор.“, стои во соопштението на Судскиот совет.

За време на викендот, во куќата на неговите родители во Неготино, беа пронајдени 350.000 евра соѕидани во ѕид, за кои постои сомнение дека се материјален доказ за неговата вмешаност во корупција поврзана со апсењето на адвокатот Фехми Стафа од средината на декември, исто така фатен со мито од 50.000 евра. Откако ја доби информацијата, Ѓоко Ристов минатата недела замина на медицински одмор, по што неговите колеги не го видоа до денес, кога се појави во Кривичниот суд.