Веб камерата на граничниот премин Богородица покажува долга колона за влез на возила од Македонија во Грција.
Како и во изминатите години, јули и август се месеците кога и најмногу се чека на овој граничен премин низ кој минуваат голем број туристи не само од Македонија, туку и од Србија, како и од повеќе земји на западна и средна Европа.
Факт е дека се наоѓаме среде кулминацијата на летната сезона, што дополнително е причина за преминување на овој дел од границата со оглед дека од тука минуваат голем број туристи.
Информациите се дека за влез во земјава се чека околу 1 час на „Табановце“, а толку е чекањето и за излез од земјава кон јужниот сосед.