Доларот ослабе, цените на нафтата стагнираат
На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна во претпладневнтоо тргување во понеделникот.
Индексот на доларот, кој ја изразува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево ослабна за 0,07 отсто, на 103,79 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна за 0,1 отсто, на 149,95 јени. Но американската валута стагнира во однос на европската, па цената на еврото се движи околу 1,0840 долари, како и во петокот навечер.
Цените на нафтата, пак, стагнираат, откако минатата седмица пораснаа за повеќе од 2 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево ослабе за 0,04 отсто, на 83,50 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,20 отсто, на 79,80 долари.