Доларот ослабе, нафтата поевтини
На девизните пазари во претпладневното тргување во четвтокот падна вредноста на доларот во однос на кошничката валути.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 104,75 поени, додека вчера во ова време од тргувањето изнесуваше 105,30 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 157,25 на 156,90 јени. Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0780 долари, додека вчера во исиот период од трговскиот ден изнесуваше 1,0735 долари.
Цените на нафтата, пак, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево се лизна за 0,24 отсто, на 82,40 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,22 отсто, на 78,30 долари.