Доларот малку зајакна, еврото падна
Американскиот долар порасна во азиската трговија денеска бидејќи претставниците на Федералните резерви најавија натамошни агресивни зголемувања на клучните каматни стапки, единствената валута во еврозоната благо се лизна, додека кинескиот јуан падна по изненадувачкото намалување на референтната стапка на централната банка.
Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута во однос на шесте главни ривали, се зголеми за 0,04 отсто на 105,74 поени, консолидирајќи се блиску до средината на опсегот што го забележа досега овој месец, пренесува Ројтерс.
Еврото поевтини за 0,1 отсто на 1,02475 долари, поради европската загриженост поради војната во Украина, забраната за обезбедување неруски енергетски извори и ударот на германската економија од слабите врнежи.
Британската фунта ослабе за 0,14 отсто на 1,21185 долари.
Од друга страна, доларот потона за 0,27 отсто во однос на јапонската валута на 133,225 јени за долар поради падот на приносите на долгорочните државни хартии од вредност на САД.
Австралискиот долар потона за 0,58 отсто на 0,70805 УСД, продолжувајќи го трендот на намалување од четвртокот, кога го достигна највисокото ниво на 10 јуни од 0,7136 американски долари.
Биткоинот се зголеми за 2,11 отсто на 24.833 долари во најновите достапни податоци, откако претходно достигна 25.212 долари за прв пат од 13 јуни.