Мал пад на доларот, цената на нафтата порасна

На валутните пазари утрово благо падна вредноста на доларот во однос на кошничката на валути.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, се лизна за 0,12 отсто, на 112,10 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута е стабилен околу 144,75 јени, колку што беше и во петокот навечер.

Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото порасна за 0,11 отсто, на 0,9810 долари.

Зајакнувањето на еврото е благодарение на очекувањата дека Европската централна банка на седницата во октомври повторно ќе ги зголеми клучните каматни стапки за 0,75 процентни поени, бидејќи инфлацијата во еврозоната не стивнува.

Цените на нафтата, пак, пораснаа бидејќи се очекува дека, поради забавувањето на економскиот раст и зголемувањето на каматните стапки, ОПЕК и неговите сојузници на состанокот на 5 октомври ќе го намалат производството за 500.000 до 1 милион барели дневно.

Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава порасна за 2,95 отсто, на 87,65 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 3,0 отсто, на 81,85 долари.