
Вистинска драма се случила утрово на Клиниката за кардиохирургија во Скопје, каде доктор Сашко Јовев, доскорешниот директор на оваа клиника прво вербално нападнал медицинска сестра, па го истепал директорот, за на крај сам да се пријави во полициската станица во Центар.
„На 18.09.2023 околу 10 часот во СВР Скопје добиена е пријава од Клиниката за кардиохирургија дека С.Ј. (вработен во клиниката) вербално нападнал медицинска сестра, а потоа физички го нападнал М.Ш. (директор на клиниката), по што ја напуштил клиниката и самиот се пријавил во ПС Центар“ информираат од МВР.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот, велат оттаму.