Сè уште актуелниот лидер на Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари има силна поддршка за претседателската кандидатура од опозициските партии Демократски Сојуз, БЕСА и Алтернатива. На вонредниот конгрес синоќа во Скопје беше одобрена неговата кандидатура со што влегува во претседателската трка за шеф на државата.
-Денеска во Скопје се одржа вонредниот IV Конгрес на нашата партија. Излезноста беше извонредна исто како и самиот Конгрес!
Таму беше одобрена мојата кандидатура за Претседател, предложена од претседавачот на АШ и поддржана од ЛЕН. Донесена е измена на Статутот, се потпревме на Статутот од 2022 година, распуштајќи дополнителни формации кои донесоа конфузија и деструктивно преклопување, како што е таканаречениот „тесен лидер“ или функцијата „претседател на Собранието“.
Вечерва, во античката албанска престолнина, во историското Скопје, разбрав појасно од кога било, дека Промените започнаа и повеќе не запираат, напиша Таравари на неговиот профил на ФБ.
Неговата професионална биографија е богата. По средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ во Скопје, образованиоето го продолжува на Медицинскиот Факултет при УКИМ. Специјализира Неврологија, а неговата докторска дисертација е од областа на Паркинсоновата болест.
Во политичките води е одамна присутен. Македонската јавност го памети како министер за здравство, а потоа станува и градоначалник на Гостивар, неговиот роден град. На ова место е и сега, во вториот мандат.