
Според информации на „Трилинг“, полицијата ја пребарувала болницата за да го приведе екс директорот Васев.
Потрагата не траела долго, но полициските службеници проверувале од канцеларија во канцеларија пред да го приведат. Кога го пронашле, му објасниле дека ќе биде лишен од слобода.
Доктор Нино Васев од Онкологија би изнесен со лисици на рацете. Покрај него, приведени се уште две лица.
Неофицијално, Васев е уапсен поради сомнение за 7 кривични дела, а исто така, приведена е и секретарката на поранешниот економски директор.