Доктор Волфганг Праизер, виролог од ЈАР, човекот кој прв ја откри Омикрон варијантата на коронавирусот предупреди дека таа има многу заразна природа.
„Со оваа варијанта ќе биде речиси невозможно да се избегне зараза“ – реле д-р Праизер за „Дојче веле“.
Тој е внимателен во поглед на падот на бројот на случаи во Јужна Африка.
„Можеби Омикрон е малку помалку вирулентен од претходните соеви. Но, сепак сè уште гледаме како поради него умираат пациенти“, рече Праизер.
Овој сој првпат беше регистриран во ноември во Јужна Африка и оттогаш брзо се прошири низ целиот свет, предизвикувајќи рекорден број на новозаразени во неколку европски земји.
Експертите предупредуваа дека зголемувањето на бројот на случаи може да доведе до преоптоварување на здравствените системи.
„Ковид сè уште не стана вирус на настинка. Можеби работите се движат во таа насока, тоа би била добра вест. Но, лошата вест е дека ќе биде речиси невозможно да се избегне зараза со оваа варијанта. Видовме колку брзо се шири и колку брзо расте бројот на нови случаи. Можно е во следните неколку месеци мнозинството од населението да се зарази со омикрон. Бевме загрижени дека околу празниците, со оглед на тоа што кај нас започна на крајот на ноември, ќе имаме рекорден број на тешки случаи во болниците. За среќа, бројот на новозаразени опаѓа, а стапката на хоспитализации значително заостанува“ – рече Праизер.