Докторката Анџелик Коетзи од Јужноафриканската република која прва го откри новиот сој на коронавирус – Омикрон во изјава за Дејли Мејл вели дека симптомите на новиот вид се невообичаени, но благи во споредба со претходните.
Докторката вели дека првпат забележала дека можеби станува збор за нова варијанта на Ковид 19 кога пациентите, претежно млади од различни општествени слоеви рекле дека чувствувале интензивен замор, а шестгодишното дете имало многу брз пулс.
Никој немаше губење на сетилото за мирис или вкус. Симптомите беа толку различни и беа толку благи во споредба со оние што ги третирав претходно“, вели Коетзи.
Четворица членови од исто семејство добиле позитивен тест со симптоми кои вклучуваат замор, па докторот го предупредил државниот советодавен одбор за вакцинација.
Коетзи тврди дека дваесет од нејзините пациенти добиле позитивен тест со симптоми на новата варијанта – претежно млади мажи кои пристигнале со „неверојатно чувство на замор“. Половината од нив не биле вакцинирани.
„Имавме еден интересен случај. Дете, на околу шест години, со висока температура и пулс. Се прашував дали девојчето треба да биде хоспитализирано. Кога проверив за неколку дена, беше подобро”, рече докторката.
Интересно е што сите нејзини пациенти се здрави денес, но се грижи новата варијанта дали ќе биде поопасна за постарите луѓе со коморбидитети.