Доживотен затвор за таткото кој до смрт претепа седуммесечно бебе
Хозе Сиера од Тексас (38) во четвртокот е осуден на доживотен затвор бидејќи ја претепал својата ќерка до смрт, пишува Yahoo.com.
На 28 декември 2021 година, Сиера повика двајца работници за одржување надвор од затворот во округот Елис и им кажа дека неговата седуммесечна ќерка, Валерија, не реагира.
Била повикана брза помош, но само била констатирана смрт на детето.
Медицинскиот персонал забележал дека бебето има неколку модринки по телото и повеќе скршени коски кои биле во различни фази на заздравување.
Аутопсијата покажа дека Валерија имала две скршени клучни коски и скршеници на левата бутна коска, тибија и фибула.
Телото на детето „веќе не можеше да се бори и да заздрави од овие повреди“, изјави форензичарот д-р Честер Гвин.
Во разговорите со полицијата, Сиера се обидел да обвини неколку луѓе за повредите, меѓу кои и мајката на детето, внуците, педијатрите и самото бебе.
Според полицијата, објаснувањата дадени од Сиера не се совпаѓаат со повредите.
Поротата го прогласи Сиера за виновен во четвртокот и го осуди на доживотен затвор.