
Доживотен затвор за Рајан Рут за обидот за атентат врз Трамп
Според обвинението, агент на Тајната служба на САД забележал цевка од пушка како штрчи од грмушките во близина на теренот и отворил оган, по што осомничениот побегнал. Рут бил уапсен на кратко растојание од местото на настанот. На локацијата била пронајдена полуавтоматска пушка со телескопски нишан и продолжен магазин.
Рајан Рут е осуден на доживотен затвор за обид за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп, во 2024 година, во голф-клубот „Трамп Интернешнл“ во Вест Палм Бич, соопшти федералниот суд, пренесува Ен-би-си (НБЦ).
Според обвинението, агент на Тајната служба на САД забележал цевка од пушка како штрчи од грмушките во близина на теренот и отворил оган, по што осомничениот побегнал. Рут бил уапсен на кратко растојание од местото на настанот. На локацијата била пронајдена полуавтоматска пушка со телескопски нишан и продолжен магазин.
При изрекувањето на пресудата, судијката Ајлин Кенон изјави дека злосторствата на обвинетиот „несомнено заслужуваат доживотен затвор“, нагласувајќи дека тој со месеци планирал атентат врз истакнат претседателски кандидат и не покажал каење за своите постапки.
Рут се изјасни за невин и реши сам да се брани за време на судењето, кое започна на 8 септември. За време на постапката се однесувал непредвидливо, честопати зборувал за неповрзани теми и го предизвикувал Трамп на партија голф. По изрекувањето на пресудата, тој се обидел да се самоповреди во судницата, по што обезбедувањето веднаш реагирало и го отстранило.
На поротата ѝ било соопштено дека Рут оставил список на локации каде што Трамп можел да се појави, како и порака до пријател во која настанот го опишал како „обид за атентат“.
Инцидентот во Флорида беше втор обид за атентат врз Трамп во 2024 година, по пукањето на предизборен митинг во Батлер, во јули истата година, кога едно лице беше убиено, а неколкумина повредени, вклучувајќи го и самиот Трамп. Напаѓачот во тој случај беше ликвидиран на лице место.