Дождот ги доизгасна сите големи пожари во Македонија

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК), синоќа информираа дека сите тешки пожари со помош на дождот се доизгаснати.

„Дождот што заврна попладневно помогна да се доизгаснат неколкуте големи пожари кои беснееа подолго време“, информираше во неделата директорот на Центарот со управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Активни се неколку помали пожари со кои ќе се справат во текот на денешниот ден.

Македонија речиси два месеца се бореше со пожарите на отворено, дел од нив гореа со недели, а беше побарана и странска помош.