
Новоизбраниот претседател на Република Српска, Милорад Додик изјави дека заедно со новоизбраната српска членка на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, ќе формулира политики кои ќе ја зајакнат Србија.
По повод 27-годишнината од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, Додик изјави дека стабилизацијата на Република Српска ќе продолжи.
„Ништо нема да биде лесно економски и финансиски. Ова е мојот трет мандат како претседател на Република Српска, што е посебна чест и привилегија е што луѓето директно ме избраа за претседател трипати на изборите“, рече Додик.